ROOT BOOST
ПРЕПАРАТОТ Е ОДОБРЕН ЗА УПОТРЕБА ВО ОРГАНСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО СОГЛАСНОСТ СО IACB СТАНДАРДОТ
НАЧИН НА ДЕЛУВАЊЕ:
Обезбедува висока контрола на ектопаразитските и ендопаразитските нематоди и госпречува нивното штетно дејство врз кореновиот систем на земјоделските култури.
Сапунините во составот на биостимулаторот освен што имаат нематоцидно дејство, делуваат и како растителни хормони преку стимулирање на развојот на кореновиот систем. Обезбедувањето на поголема и подобро развиена коренова маса овозможува подобра апсорпција на хранливите елементи и водата што придонесува за поздрави растенија и намалување на негативниот ефект на нематодите.
ПРИДОБИВКИ ОД УПОТРЕБА:
НАЧИН НА ПРИМЕНА:
Фертигациски (со наводнување)
При голема присутност на нематоди се препорачува 8-10 литри на 1000м² преку систем капка по капка, боца фертилизатор, како и преку секој стандарден систем за наводнување со повторување на 10-14 дена.
За превентива се препорачува третирање со 4-6 литри на 1000м²со повторување на 12-15 дена.
ТРЕТИРАЊЕТО СЕ ВРШИ ПРИ ТЕМПЕРАТУРА НА ПОЧВАТА НАД 14℃.
ПРЕД РАСАДУВАЊЕ НА РАСАД
Потопување на кореновиот систем во раствор од 20% ROOT BOOST, 20% БУБА СТОП и 60% ВОДА ПРЕД САДЕЊЕТО.
ДА СЕ ЧУВА ПОДАЛЕКУ ОД ДОФАТ НА ДЕЦА
ДА СЕ ЧУВА НА ТЕМПЕРАТУРА ДО 25℃.
©2025 Inter-Evrogeneks All Rights Reserved. | Developed by MOTION