Varuprostin® хербален чај

Диуретично, антимикробно, антиинфламаторно.

За главната активна компонента на препаратот Varuprostin®, Urtica dioica (коприва) е докажано и документирано диуретично, антимикробно и антиинфламаторно дејство со што се зголемува микциониот волумен, го покачува максималниот уринарен проток

Категорија

Опис

Активност:

Диуретично, антимикробно, антиинфламаторно.

За главната активна компонента на препаратот Varuprostin®, Urtica dioica (коприва) е докажано и документирано диуретично, антимикробно и антиинфламаторно дејство со што се зголемува микциониот волумен, го покачува максималниот уринарен проток, ја намалува количината на резидуална урина и ја редуцира честотата на мокрење, а со тоа ги ублажува и намалува симптомите на бенигна хипертрофија на простатата и хроничен простатитис.

Употреба:

Varuprostin® хербалниот чај се користи за намалување на честотата на мокрење, ги намалува симптомите на хроничен простатитис и ги намалува симптомите на бенигна хипертрофија на простатата.

Состав:

Urticae radix, Tribuli herba, Visci herba, Stigmata maydis, Hyperici herba

1 пакување содржи 100 g хербален чај.

Дозирање:

Една супена лажица од чајната мешавина се прелева со 200 ml врела вода и се остава да се олади. Чајот се процедува и се пие незасладен, три пати на ден.