Опис
Активност:
Зголемување на имунитет и антитуморно дејство.
Најзначајно дејство на Varumin® herbal хербалниот чај е имуностимулативното. Исто така покажува и антиинфламаторно, цитотоксично, диуретично и лаксантно дејство. Главните активни компоненти на билниот чај се полисахариди, флавоноиди, амини, танини, сапонини, кои се однесуваат како неспецифични имуностимулатори. После терапијата со Varumin® herbal билниот чај се зголемува неспецифичниот имун одговор, макрофагите и гранулоцитите се активираат и се зголемува фагоцитозата.
Употреба:
Varumin® herbal хербалниот чај се употребува како дополнителна терапија кај пациенти со малигни заболувања, ја подобрува општата состојба на организмот при исцрпеност, при акутни и хронични заболувања, состојби на намален имунитет и за заздравување на кожни лезии.
Состав:
Inulae radix, Calendulae flos, Cornus cortex, Milefolii herba, Cynodon rhizoma, Hyperici herba, Visci herba.
1 пакување содржи 100 g билен чај.
Дозирање:
Една супена лажица од чајната мешавина се прелева со 250 ml ладна вода. Се загрева до вриење и се остава да отстои 2 часа во покриен сад. Чајот се процедува и се пие незасладен, три пати на ден.