Опис
ROOT BOOST
ПРЕПАРАТОТ Е ОДОБРЕН ЗА УПОТРЕБА ВО ОРГАНСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО СОГЛАСНОСТ СО IACB СТАНДАРДОТ
НАЧИН НА ДЕЛУВАЊЕ:
Обезбедува висока контрола на ектопаразитските и ендопаразитските нематоди и госпречува нивното штетно дејство врз кореновиот систем на земјоделските култури.
Сапунините во составот на биостимулаторот освен што имаат нематоцидно дејство, делуваат и како растителни хормони преку стимулирање на развојот на кореновиот систем. Обезбедувањето на поголема и подобро развиена коренова маса овозможува подобра апсорпција на хранливите елементи и водата што придонесува за поздрави растенија и намалување на негативниот ефект на нематодите.
ПРИДОБИВКИ ОД УПОТРЕБА:
- БРЗА РЕГЕНЕРАЦИЈА И РАЗВОЈ НА КОРЕНОВИОТ СИСТЕМ
- ГО ПОДИГНУВА ИМУНИТЕТОТ НА РАСТЕНИЕТО
- ГО ПОДИГНУВА РАСТОТ И РАЗВОЈОТ НА РАСТЕНИЕТО ВО СИТЕ ФАЗИ НА ВЕГЕТАЦИЈАТА (го елиминира штетното дејство на нематодите)
- ОВОЗМОЖУВА ЛЕСНО НАДМИНУВАЊЕ НА СЕКАКОВ ВИД СТРЕСНИ СИТУАЦИИ (суша, мраз, град и сл.)
- ГО ОНЕВОЗМОЖУВА ДЕЈСТВОТО НА ШТЕТНИТЕ НЕМАТОДИ
- ГО ЗГОЛЕМУВА ПРИНОСОТ И КВАЛИТЕТОТ НА ПРОИЗВОДИТЕ
- НЕМА КАРЕНЦА
- КОМПАТИБИЛЕН Е СО ОСТАНАТИТЕ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРЕПАРАТИ
- НЕМА ОПАСНОСТ ОД ПРЕДОЗИРАЊЕ
НАЧИН НА ПРИМЕНА:
Фертигациски (со наводнување)
При голема присутност на нематоди се препорачува 8-10 литри на 1000м² преку систем капка по капка, боца фертилизатор, како и преку секој стандарден систем за наводнување со повторување на 10-14 дена.
За превентива се препорачува третирање со 4-6 литри на 1000м²со повторување на 12-15 дена.
ТРЕТИРАЊЕТО СЕ ВРШИ ПРИ ТЕМПЕРАТУРА НА ПОЧВАТА НАД 14℃.
ПРЕД РАСАДУВАЊЕ НА РАСАД
Потопување на кореновиот систем во раствор од 20% ROOT BOOST, 20% БУБА СТОП и 60% ВОДА ПРЕД САДЕЊЕТО.
ДА СЕ ЧУВА ПОДАЛЕКУ ОД ДОФАТ НА ДЕЦА
ДА СЕ ЧУВА НА ТЕМПЕРАТУРА ДО 25℃.
Решение бр.УП1 бр.104-985/19 од 07.11.2019