Paradental® раствор за гингива

Хемостатско, ангиогено, антимикробно и адхезивно дејство.

Paradental® растворот за гингива предизвикува чувство на студено, има лесна анестетичка активност и пријатен мирис кој освежува. Поради присуството на негликозидни сулфурни соединенија има антимикробно (антибактериско, антивирусно, антифунгално) и антиинфламаторно дејство.

Категорија

Опис

Активност:

Хемостатско, ангиогено, антимикробно и адхезивно дејство.

Paradental® растворот за гингива предизвикува чувство на студено, има лесна анестетичка активност и пријатен мирис кој освежува. Поради присуството на негликозидни сулфурни соединенија има антимикробно (антибактериско, антивирусно, антифунгално) и антиинфламаторно дејство. Како резултат на хемостатското, ангиогеното и адхезивното дејство, доаѓа до гранулација и регенерација на ткивата.

Употреба:

Paradental® растворот за гингива е наменет за третман на парадентоза, хроничен гингивитис, парадентални абсцеси, афти, постекстракциони рани и други инфламаторни заболувања на усната шуплина, како и за освежување на усната шуплина.

Состав:

Alii sativi bulbus, Calendulae flos, Urticae folium, Oleum menthae.

1 пакување содржи 50 ml раствор за гингива.

Дозирање:

Може да се употребува со:

  • нанесување на компреси кои се аплицираат на воспалената гингива: натопениот компрес се остава да стои на воспаленото место 10 до 30 минути, 2 – 3 пати на ден;
  • гаргара: 5 ml (една кафена лажица) од препаратот се гаргара 1 – 2 минути, 2 – 3 пати на ден.

 

Влијанието од апликацијата на Парадентал® раствор за гингива врз гингивалната инфламација – Универзитетски стоматолошки клинички центар “Св. Пантелејмон” – Скопје

Клинички резултати постигнати при лечење со ПАРАДЕНТАЛ