Опис
Активност:
Хипогликемично дејство.
Glukonormin® forte таблетите во својот состав содржат аргинин (од лушпите на гравот), кој по своето дејство е сличен на инсулинот, со тоа што неговото дејство е послабо и настапува побавно, но трае подолго време. Исто така делува и на функцијата на панкреасот. Покрај тоа, најновите истражувања покажуваат дека лушпите на гравот содржат и некои соли на хром за кои се смета дека поседуваат значајна антидијабетска активност. Значајни фармакодинамски дејства се: хипогликемично, диуретичко, хипотензивно, имуностимулативно и спазмолитичко.
Употреба:
Glukonormin® forte таблетите се користат како дополнителна терапија кај пациентите со diabetes melitus (шеќерна болест). Може да се зема истовремено со инсулин или со орални антигликемици.
Состав:
Cortici fructi phaseoli, Gleditchiae fructus, Cynodoni rhizoma, Visci herba, Aloe extractum siccum.
1 пакување содржи 50 таблети
Дозирање:
Најчесто се земаат по 2 таблети, 3 пати дневно со чаша вода.