Опис
Активност:
Хипогликемично дејство.
Glukonormin® чајот во својот состав содржат аргинин (од лушпите на гравот), кој по своето дејство е сличен на инсулинот, со тоа што неговото дејство е послабо и настапува побавно, но трае подолго време. Исто така делува и на функцијата на панкреасот. Покрај тоа, најновите истражувања покажуваат дека лушпите на гравот содржат и некои соли на хром за кои се смета дека поседуваат значајна антидијабетска активност. Значајни фармакодинамски дејства се: хипогликемично, диуретичко, хипотензивно, имуностимулативно и спазмолитичко.
Употреба:
Glukonormin® чајот се користи како дополнителна терапија кај пациентите со diabetes melitus (шеќерна болест). Може да се зема истовремено со инсулин или со орални антигликемици.
Состав:
Cortici fructi phaseoli, Gleditchiae fructus, Cynodoni rhizoma, Visci herba.
1 пакување содржи 100 g билен чај.
Дозирање:
Една супена лажица од чајната мешавина се прелева со 200 ml врела вода и се остава да се олади. Чајот се процедува и се пие незасладен, три пати на ден.