Варухемороидал® раствор

Варухемороидал® претставува лековито средство во кое главни активни компоненти се оцетниот екстракт од Alii sativi bulbus, Urticae folium и маслото од mentha. Наменет е за третман на хемороидии други инфламаторни заболувања аналната регија.

Категорија

Опис

Активност:

Варухемороидал® претставува лековито средство во кое главни активни компоненти се оцетниот екстракт од Alii sativi bulbus, Urticae folium и маслото од mentha. Наменет е за третман на хемороидии други инфламаторни заболувања аналната регија. Маслото од mentha, аплицирано на слузниците предизвикува чувство на студено, проследено со лесна анестетичка активност. Alii sativi bulbus поседува голем број на фармакодинамски дејства кои главно се должат на присуството на негликозидните сулфурни соединенијата (алиин, алицин), од кои посебно значајни се антимикробното (антибактериско, антивирусно, антифунгално) и антиинфламаторното дејство. Од друга страна, Urticae dioica folium со своето антимикробно, хемостатско, ангиогено и стимулаторно дејство го надополнува ефектот на останатите составни компоненти на Варухемороидал® растворот и ја забрзува физиолошката регенерација и епителизација на оштетените ткива.

Употреба:

Варухемороидал® е лек кој се користи за третман на хемороиди и други инфламаторни заболувања во аналната регија.

Состав:

Alii sativi bulbus, Calendulae flos, Urticae folium, Oleum menthae.

1 пакување содржи 50 ml раствор.

Дозирање:

Варухемороидал® растворот е наменет за локална апликација на перианалниот простор.

Може да се употребува со нанесување на компреси:

  • натопената стерилна компреса со Варухемороидал® раствор се остава да стои 30 до 60 минути, 2-3 пати на ден