Опис
Варугастал е 100% природен хербален производ кој во својот комбиниран состав, содржи стручно селектирани, корисни и моќни билки (Millefoli herba, Hyperici herba, Urticae folium, Centauri herba, Melisae folium, Plantago folium),
Millefoli herba има благопријатно дејство при воспаленија на слузкожата на желудникот, цревата и дванаесетпалачното црево, како и при колити и други цревни заболувања. Исто така ги стимулира дигестивните органи на лачење на сокови и ја подобрува работата на жолчката и панкреасот.
Hyperici Herba билката која со векови се употребува при стомачни тегоби, против подуеност и за регенерација на слузокожата на органите за варење.
Urticae folium е билка која делува на црниот дроб, жолчката и слезината. Се употребува при проблеми со варење на храната, грчеви во желудникот, како и при катар на органите за варење.
Centauri herba содржи горчливи состојки и се користи за зголемување на лачењето сокови во дигестивниот тракт, за подобрено варење на храната и подобра работа на жолчката.
Melisae folium го нормализира лачењето на желудечни сокови, го намалува воспалението на грлото, желудникот и цревата, делува антиеметично (против повраќање) и помага кај проблемите предизвикани од анорексија.
Plantago folium има антибактериско дејство и го намалува воспалението на слузниците и ја помага нивната регенeрација
“Варугастал” е 100% природен, чист, еколошки, хербален додаток во исхраната.
Пакување:
Пакувањето е во стаклено шишенце кое содржи 50 таблети.
Начин на употреба:
Три пати на ден по 2 таблети со чаша вода пред јадење.
Напомена:
Да се чува далеку од дофат на деца. Препорачаните количини не смеат да се прекорачат.
Да се чува на температура до 25 С
Додатоците во храна не се замена за урамнотежената исхрана.