Опис
Антимигрен е 100% природен хербален производ кој во својот комбиниран состав, како активни компоненти содржи водени екстракти од Tanacetum parthenium, Mentha piperita, Salix alba, Zingiberi officinalis и Lavandula officinalis.
За екстрактите од Tanacetum parthenium и Salix alba е докажано и потврдено дека поседуваат аналгетско (намалување на болката) и антипиретично (намалување на телесната температура) дејство, а другите составни компоненти со своите дејства, како антиеметичко (против повраќање), смирувачко, седативно и спазмолитичко дејство ги дополнуваат дејствата на Tanacetum parthenium и Salix alba. Лековитите својства на овие билки од кои се состои Антимигрен, помагаат и се препорачуваат за спречување и ублажување на главоболки од разна етиологија вклучувајќи и мигренозни главоболки, како и за намалување на телесната температура при настинки и грип.
Категорија: Граничен производ
Активност:
“Антимигрен” е 100% природен, чист, еколошки, граничен производ, кој помага и се препорачува за
- Мигренозни главоболки
- Главоболки од разнa етиологија
- Состојби пропратени со високи температури (настинки)
Пакување:
Пакувањето е во стаклено шишенце кое содржи 50 таблети.
Начин на употреба :
Три пати на ден по 2 таблети со чаша вода пред јадење.
Напомена:
Да се чува далеку од дофат на деца. Препорачаните количини не смеат да се прекорачат.
Да се чува на температура до 25 С
Производот се издава во аптека без лекарски рецепт