Медицинските растенија и нивните производи се користат насекаде во светот за самолекување и најчесто се издаваат без рецепт. Заради се поголемиот замав што го земаат на меѓународниот пазар, неопходна е внимателна контрола со цел осигурување на нивниот квалитет, безбедност и ефикасност. Програмата на Интер-Еврогенекс, „Здравје од природата“ има ригорозни критериуми за сите фази на производството со цел одржување на високо ниво на квалитет.

Потекло на суровините

Сите самоникнати растенија кои ги користиме се собираат исклучиво од планините Беласица и Огражден, со помош на квалификувани собирачи, во точно одреден период од годината и при одредени временски услови. Потоа внимание се обраќа и на начинот на чување и сушење на суровините, во зависност од видот на растението.

Чување на суровините

Суровините се чуваат заштитени од светлина, под строго контролирана влажност и температура.

Контрола на квалитет на суровините

Кај сите суровини се испитуваат:

  • органолептички својства (боја, изглед и мирис),
  • состојба на материјалот (суров, исечен, издробен, искршен),
  • присуство на туѓи материи (песок, стакло, прашина), мувла,
  • присуство на инсекти
  • содржина на активни и други материи

Примероците се земаат од повеќе места од суровината и на различни длабочини. Нашите строги критериуми не дозволуваат откуп на сите доставени суровини.

Технологија на обработка на суровините

Во Интер-Еврогенекс сме максимално екипирани, од технички аспект, како и од аспект на персонал. Растителниот материјал внимателно се обработува, со цел комплетно да се искористат активните принципи кои се содржани и истите во целост и во соодветна количина да се пренесат на финалниот производ.

Чување на финалниот производ

Финалниот производ се чува според меѓународните стандарди и од тука преку дистрибутивната мрежа доаѓа до нашите ценети потрошувачи.