За нас

Интер-Еврогенекс од Ново село, Струмичко, е модерна фармацевтска и диететска компанија, која произведува хербални лекови и диететски производи во Република Македонија. Ние произведуваме околу 20 сопствени производи, кои го носат знакот „Здравје од природата“ и се присутни на македонскиот и на странските пазари.

Производите се исклучиво од растително потекло, а потекнуваат од планините Беласица и Огражден, во чија близина се наоѓа и самата фабрика. Овие планини се сметаат за чиста еколошка средина.

Интер-Еврогенекс располага со најсовремена технологија и опрема која ги исполнува сите Европски и интернационални стандарди. Располагаме со соодветно тренирани и стручни искусни професионалци кои се основа за доверба на партнерите кон нас.

МИСИЈА

Наша мисија е да ги обединиме современите научни сознанија во областа на хербалната медицина и традиционалната употреба на билките во третманот на болестите, со цел да добиеме производи кои ефикасно и без несакани дејства, ќе помагаат во  лекување на болестите на современиот човек.

ВИЗИЈА

Наша визија е да формулираме и произведуваме хербални производи кои ќе ги задоволат најстрогите европски и светски барања во поглед на квалитетот, ефикасноста и безбедноста на хербалните производи .

НАЧЕЛА

Општествена одговорност, квалитет во работењето преку  квалитетен стручен кадар, тимска работа и следење на современите текови во работењето.

ВРЕДНОСТИ

Вредностите кои ги цениме и унапредуваме се одговорност, чесност, стручност, колегијалност и чувство за припадност кон колективот и пошироката заедница.

ПОЛИТИКА НА МЕНАЏМЕНТ НА ИНТЕГРИРАНИ СИСТЕМИ

Оваа политика има за цел на јасен и недвосмислен начин да укаже на определеноста на компанијата ИНТЕР-ЕВРОГЕНЕКС ДООЕЛ, континуирано да го спроведува и унапредува своето работење во склад со барањата на меѓународните стандарди: ISO 9001:2015 (систем за менаџирање на квалитет), ISO 14001:2015 систем за менаџирање со околината и ISO 22000:2005 систем за безбедност на храна и производи од храна.

Високата посветеност на исполнувањето на барањата на овие стандарди, поставување на цели кои се во согласност со нив и учество на сите вработени во нивното исполнување, допринесува работење на компанијата да резултира со производи и услуги кои се во согласност со барањата на нашите корисници и сите заинтересирани страни, како интерни така и екстерни, во опкружување кое се карактеризира со високо ниво на безбедност на производите, што заедно ја сочинуваат базата од која произлегуваат стратешките цели на нашата компанија.

Тежнееме во сите аспекти на нашата работа да пристапиме систематски и во неа да ги интегрираме следните принципи:

  • Со понуда на квалитетни производи и услуги да постигнеме висок степен на задоволство на сите заинтересирани страни, исполнувајќи ги нивните барања.
  • Работиме согласно со важечките закони и регулатива како и со внатрешните барања на компанијата.
  • Континуирано го подобруваме системот за управување со квалитет за да обезбедиме здравствено исправни и квалитетни производи применувајќи ги принципите на Добра Производна Пракса и Добра Хигиенска Пракса.
  • Се залагаме за здрава животна средина и намалување на загадувањето, преку намалување на потрошувачката на енергија и вода, рационална употреба на ресурсите и подобрување на методите за управување со отпадот.
  • Овозможување на поволни услови за учење, континуирано надоградување и усовршување на знаењето и стручните способности на сите вработени.
  • Поттикнување на тимска работа со цел поставените задачи да се извршуваат на што е можно поефективен начин.
  • Планирање на сите работни процеси и внесување на постојани подобрувања (со мерење и анализа на перформансите да се обезбедат податоци кои се неопходни за измени и подобрување на процесот).
  • Партнерски однос со доставувачите и корисниците преку зајакнување на довербата и соработката.

Оваа политика е одобрена од страна на највисокото раководство на компанијата ИНТЕР-ЕВРОГЕНЕКС ДООЕЛ и обезбедува рамка за понатамошно поставување на релевантни цели на компанијата.

Скопје, 01.04.2018
Управител Румјана Ѓорѓиева

Историја на компанијата

Денес компанијата од семеен бизнис прераснува во модерна фабрика за производство на хербални лекови и диететски производи. Интер-Еврогенекс во своите производи ги содржи најчистите природни материјали, чиј квалитет и својства се гаранција за одржување на човековото здравје. Не смее да заборавиме – здравјето е единствено нешто што вреди за инвестирање.
Компанијата поседува ГМП сертификат, како и сертификати за ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 and ISO 22000:2005.

Компанијата се посветува на водени екстракти и хербални чаеви, а својата експанзија ја доживува во 2001 година кога и започнува со изградба на нова фабрика со сопствени средства. Фабриката е изградена во согласност со интернационалните стандарди и правилата за добра производствена пракса (GMP) за производство на хербални лекови во течни и цврсти дозирани форми. Компанијата ги поседува сертификатите ISO 9001 и ISO 14001.

Се започна во 1991 година, кога Mr. Ing. Иван Ѓорѓиев ја основал компанијата Интер-Еврогенекс, чија главна цел била собирање на самоникнати медицински растенија, со цел развој на нови формулации и производи.