Хроничен Простатитис
Воспаление на простатата може да биде предизвикано од бактериска инфекција, како последица на воспалување или заболување на бубрезите, кај паразитоза, како последица од сексуално преносливи болести и друго.
Хронично воспаление на простата се јавува доколку акутниот простатитис не е адекватно излекуван, но може да се појави и кај компликации со уретерот ( воспаление на уретер – завршниот дел на мочните канали ) или како компликација на циститис ( воспаление на мочниот меур ) . Причинители на хроничен простатитис најчесто се коли бацили, стафилокока, стрептокока, вируси, габички, хламидија и друго.
Според симптомите може да постојат хроничен простатитис со забавен и напреден тек, хроничен рецидивантен простатитис , хроничен латентен простатитис како и синдром на простатоза.
Кои се симптомите и знаците на хроничен простатитис?
– Најчесто се јавува дизурија ( болно и отежнато мокрење )
– Може да се јави чувство на отежната и неиспразнета бешика
– Може да се јават непријатни чувства во ректумот и болки пи празнење на дебелото црево
– Проблемите со болното и отежнато мокрење може да се благи но да постојат поголем временски период
– Може да дојде до омалаксаност и слабост
– Покачена телесна температура која се појавува поретко отколку кај акутен простатитис
– Одредени пациенти се жалат на ноќно мокрење
– Можно е да дојде до отежнато движење или седење
– Истекување на секрет од мочниот канал не е толку често
– Ретко се појавува крв или мокрача во семената течност
– Можни се проблеми со потенција
– Компликациите со хроничниот проститис се воспаление на смените кеси , епидидимис или тестисите.
Дијагноза и лекување на хроничен просттитис
Дијагноза на хроничен простатитис се поставува со помош на анемнеза со клиничка слика и детален преглед.
Потребно е да се направи и детална анализа на урината со уринокултура, анализа на брис на уретер како и спермокултура и анализа на ејакулатот.
Лекувањето е долготрајно и бара посветување на големо внимание, топли купки во седечка положба и слично. Секако употребата на 100% Природен традиционален хербален лек ВАРУПРОСТИН во форма на таблети и чај, ќе помогне да се намалат овие симптоми.