Медицинските растенија и нивните производи се користат насекаде во светот за самолекување и најчесто се издаваат без рецепт. Заради се поголемиот замав што го земаат на меѓународниот пазар, неопходна е внимателна контрола со цел осигурување на нивниот квалитет, безбедност и ефикасност. Програмата на Интер-Еврогенекс, „Здравје од природата“ има ригорозни критериуми за сите фази на производството со цел одржување на високо ниво на квалитет.
Сите самоникнати растенија кои ги користиме се собираат исклучиво од планините Беласица и Огражден, со помош на квалификувани собирачи, во точно одреден период од годината и при одредени временски услови. Потоа внимание се обраќа и на начинот на чување и сушење на суровините, во зависност од видот на растението.
Во Интер-Еврогенекс сме максимално екипирани, од технички аспект, како и од аспект на персонал. Растителниот материјал внимателно се обработува, со цел комплетно да се искористат активните принципи кои се содржани и истите во целост и во соодветна количина да се пренесат на финалниот производ.
Суровините се чуваат заштитени од светлина, под строго контролирана влажност и температура.
Финалниот производ се чува според меѓународните стандарди и од тука преку дистрибутивната мрежа доаѓа до нашите ценети потрошувачи.
©2025 Inter-Evrogeneks All Rights Reserved. | Developed by MOTION