Интер-Еврогенекс од Ново село, Струмичко, е модерна диететска компанија, која произведува хербални диететски производи во Република Северна Македонија. Ние произведуваме сопствени производи, кои го носат знакот „Здравје од природата“ и се присутни на македонскиот и на странските пазари. Производите се исклучиво од растително потекло, а потекнуваат од планините Беласица и Огражден, во чија близина се наоѓа и самата фабрика. Овие планини се сметаат за чиста еколошка средина. Интер-Еврогенекс располага со најсовремена технологија и опрема која ги исполнува сите Европски и интернационални стандарди. Располагаме со соодветно тренирани и стручни искусни професионалци кои се основа за доверба на партнерите кон нас.
Наша мисија е да ги обединиме современите научни сознанија во областа на хербалната медицина и традиционалната употреба на билките со цел да добиеме производи кои се ефикасни и без несакани дејства.
Наша визија е да формулираме и произведуваме хербални производи кои ќе ги задоволат најстрогите европски и светски барања во поглед на квалитетот, ефикасноста и безбедноста на хербалните производи
Општествена одговорност, квалитет во работењето преку квалитетен стручен кадар, тимска работа и следење на современите текови во работењето.
Вредностите кои ги цениме и унапредуваме се одговорност, чесност, стручност, колегијалност и чувство за припадност кон колективот и пошироката заедница.
Денес компанијата од семеен бизнис прераснува во модерна фабрика за производство на диететски производи и производи за земјоделско производство. Интер-Еврогенекс во своите производи ги содржи најчистите природни материјали, чиј квалитет и својства се гаранција за одржување на човековото здравје. Не смее да заборавиме – здравјето е единствено нешто што вреди за инвестирање.
Компанијата се посветува на водени екстракти и хербални чаеви, а својата експанзија ја доживува во 2001 година кога и започнува со изградба на нова фабрика со сопствени средства. Фабриката е изградена во согласност со интернационалните стандарди и правилата за добра производствена пракса (GMP) за производство на хербални производи во течни и цврсти дозирани форми. Компанијата ги поседува сертификатите ISO 9001 и ISO 14001.
Се започна во 1991 година, кога м-р инж. Иван Ѓорѓиев ја основал компанијата Интер-Еврогенекс, чија главна цел била собирање на самоникнати медицински растенија, со цел развој на нови формулации и производи.
©2025 Inter-Evrogeneks All Rights Reserved. | Developed by MOTION